Фудбалерите на Манчестер Сити доживеаја нов шок во 26-то коло од англиската Премиер лига на гостувањето кај Саутемптон каде што загубија со 3-1.
Со головите на Панчон во 7-та и Дејвис во 22-та минута домаќините дојдоа до убедливо водство, но сепак Џеко ја врати надежта на “граѓанитее“ со голот постигнат во финишот на првото полувреме.
Сепак во продолжение, во 48-та минута Герет Бери постигна автогол, па домаќините заслужено славеа со 3-1.
Манчестер Сити со овој пораз на некој начин ја губи битката за трофејот во Премиер лигата и има 9 бода заостанување зад нивниот најлут ривал Манчестер јунајтед кој утре го игра својот натпревар од ова коло.