Манчестер Сити имаше одличен старт на новата сезона во Премиер лигата совладувајќи го Њукасл, со 4:0 во натпреварот одигран вечерва со кој беше комплетирано првото коло од новата сезона во Премиер лигата.
Уште во 6-минута Давид Силва им донесе предност на домаќините, а Серхио Агуеро во 22-минута зголеми на 2:0.
Со фантастичниот гол на Јаја Туре од слободен удар во 50-минута „граѓаните“ веќе имаа убедлива предност од 3:0, за конечните 4:0 да ги поставу Сами Насри 74-минута.
Премиер лига 1.коло – комплетни резултати
Манчестер Сити – Њукасл 4:0
Челзи – Хал 2:0,
Кристал Палас – Тотенхем 0:1,
Арсенал – Астон Вила 1:3,
Свонси – Манчестер Јунајтед 1:4,
Норвич – Евертон 2:2,
Сандерленд – Фулам 0:1,
ВБА – Саутемптон 0:1,
Вест Хем – Кардиф 2:0
Ливерпул – Стоук 1:0.