Даниел Стариџ во 4-та минута го реши дербито на Ливерпул и Манчестер, со што Ливерпул по 3 натпревари има исто толку победи.
„Црвените“ по исто сценарио стигнаа и то третиот триумф – гол во првото полувреме и добра одбрана.
Со триумфот попладнево, овој англиски великан, кој веќе две децении чека на шампоионски трофеј, го има најдобриот старт во елитната Премиерлига и нејзиното 20-годишно постоење – три победи без примен гол.
Во другиот денешен меч, Свонси славеше со 2-0 на гостувањето против Вест Бромвич Албион, чиј член е македонскиот интернационалец Горан Попов, кој не беше во конкуренција за настап. За половина час, се игра и второто дерби во ова коло и тоа за Северен Лондон, помеѓу Тотнем и Арсенал.