Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи и ќе го загуби првото место на АТП листата.
JI-RIDICULOUS ?@jiri_vesely #DDFTennis pic.twitter.com/sUHViq8wMI
— Tennis TV (@TennisTV) February 24, 2022
Се случи изненадување, тој беше поразен од 123. тенисер во светот, леворакиот Чех Јиржи Весели со резултат 6:4, 7:6 (4) по 118 минути игра.
Тоа им беше втор меч и втора победа на чешкиот тенисер, кој славеше против Ѓоковиќ и пред шест години во Монте Карло.
Овој пораз значи пад на Ѓоковиќ од првата позиција на АТП листата в понеделник.