Беше прашањена време кога на интернет ќе се појави снимка на меѓусебната тепачка на хрватските навивачи, за време на натпреварот со Чешка.
Веќе е откриено дека Игор Стажиќ е еден од навивачите кој бил на трибината од каде што летале факелите кон фудбалскиот терен.
УЕФА покрена службена постапка против Фудбалскиот сојуз на Хрватска, а одлуката ќе биде соопштена на ден пред натпреварот со Шпанија, на 20 јуни.
Фудбалскиот сојуз е обвинет по четири точки: фрлање пиротехника и други предмети на теренот, немири на трибините и расистичко однесување, поради тоа што како се наведува се слушнале нацистички повици и гестикулации.
Хрватска подготвува и вонредна седница на Владата по повикот на претседателката Грабар Китаровиќ, а тие што ги предизивикаа нередите веќе се прогласени во јавноста за државни непријатели.