ВИДЕО: Се кренаа и навивачите на Арсенал, бараат од газдата да го продаде клубот по фијаското со Суперлигата

Од:

Неколку илјади навивачи на Арсенал се собраа пред стадионот „Емирати“ во северен Лондон во пресрет на вечерашниот премиерлигашки натпревар против Евертон, барајќи од американскиот сопственик Стен Кронке да си оди од клубот поради вовлекувањето на екипата во пропаднатиот проект за европска Суперлига.

„Кронке оди си“ порачаа незадоволните навивачи на Арсенал од последниот во низата протести во Англија поради првичната поддршка на раководствата на шест премиерлигаши на европската Суперлига, од која набрзо се повлекоа под притисок на јавноста.

Протести изминатите денови одржаа и навивачите на сите останати англиски клубови кои најавија учество во пропаднатиот проект за Суперлига: Челзи, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.

Тренерот на Арсенал Микел Артета, коментирајќи ги вечерашните протести, истакна дека навивачите имаат право да го изразат своето мислење.

73-годишниот американски милијардер Стен Кронке, кој има акции во многу спортски клубови, меѓу кои и НБА тимот Денвер Нагетс, е доминантен сопственик на Арсенал од 2018 година.

Би можело да ве интересира

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Горан Наумовски

Арсенал се сопна дома против Брентфорд