ВИДЕО: Рубио со прв „трипл-дабл“ во НБА лигата

Од:

Шпанецот Рики Рубио во дресот на Минесота, ноќеска на дуелот против Сан Антонио го забележа првиот „трипл дабл“ ефект во НБА лигата.

Рубио натпреварот го заврши со 21 поен, 13 скокови и 12 асистенции и беше предводник на својот тим до победа.

Минесота направи изненадување, но ваквиот резултат можеби беше и очекуван бидејќи во тимот на Сан Антонио поради повреди не настапија тројца играчи Тони Паркер, Тим Данкан и Кави Леонард.

Победа број 19 во серија оствари и првакот Мајами, совладувајќи ја Атланта пред своите навивачи.

Резултати од ноќешните натпревари: Шарлот – Бостон 100:74, Орландо – Лос Анџелес Лејкерс 97:106, Кливленд – Вашингтон 95:90, Бруклин – Њу Орлеанс 108:98, Мајами – Атланта 98:81, Милвоки – Далас 108:115, Минесота – Сан Антонио 107:83 и Портланд – Мемфис 97:102.

Двојки за 13.март: Филаделфија – Мајами, Вашингтон – Милвоки, Индијана – Минесота, Бостон – Торонто, Атланта – Лос Анџелес Лејкерс, Хјустон – Феникс, Оклахома Сити – Јута, Сакраменто – Чикаго, Денвер – Њујорк, Лос Анџелес Клиперс – Мемфис и Голден Стејт – Детроит.

Пласман Источна конференција: Мајами 48-14 (победи-порази), Њујорк 38-23, Индијана 39-24, Бруклин 38-27, Чикаго 35-28, Бостон 34-29, Атланта 34-29, Милвоки 32-30,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 49-16, Оклахома Сити 47-17, Мемфис 43-19, Лос Анџелес Клиперс 45-20, Денвер 43-22, Голден Стејт 36-29, Хјустон 34-30, Лос Анџелес Лејкерс 34-31, Јута 33-31,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите