Едно 11-годишно момче, кое со својот татко го следело пријателскиот натпревар меѓу Борнмут и Реал Мадрид, по слободниот удар на Кристијано Роналдо се здобило со фрактура на зглобот на раката.
Роналдо во шестата минута извел слободен удар од 30-тина метри, а топката која завршила крај голот го погодила во рацете 11-годишниот Чарли Силвервуд, кој и покрај повредата мечот го одгледал до крај. По мечот Чарли заминал во болница каде му бил ставен гипс кој ќе го носи во следните шест недели.