Играчот на Сиетл, Квинтон Џеферсон кој беше исклучен на дуелот со Џексонвил, при заминувањето кон соблекувалната беше гаѓан со неколку предмети од публиката по што тој тргна кон трибината да се пресметува со навивачите.
Присебната реакција на обезбедувањето спречи поголем инцидент.
Иако Џеферсон беше испровоциран од неодговорните навивачи, тој во никој случај не смееше да се впушта во пресметка со публиката. Поради тоа сигурно го очекува суспензија од неколку натпревари, како и парична казна од НХЛ лигата.
Џексонвил го доби натпреварот со 30:24.