Прв хомосексуалец избран во американската рагби лига

Од:

 Рагбистот Мајкл Сем ќе биде првиот играч кој отворено призна дека е хомосексуалец, а ќе заигра во најдобрата рагби лига во САД – НФЛ, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

За време на вчерашниот, последен ден на драфтот во Њујорк, тимот на „Овните“ од Сент Луис го избра Сем да биде дел од нивната одбранбена линија.

– Знаев дека на крајот ќе бидам избран. Ќе го искористам ова да бидам еден од најдобрите, изјави Сем, кој беше избран при самиот крај на драфтот, меѓу последните осум од вкупно 256 нови играчи во НФЛ.

Во студентските денови Сем беше еден од најдобрите играчи на универзитетот во Мисури. На почетокот на годинава во интервју за телевизијата ЕСПН соопшти дека е хомосексуалец, за што доби честитка од претседателот Барак Обама, но го отвори и прашањето дали НФЛ е подготвена за првиот отворено деклариран хомосексуалец.

Обама упати честитка до Сем и вчера, по неговиот избор во последните мигови на драфот.

Сем го прослави изборот бакнувајќи се пред телевизиските камери со своето момче. Сем му се приклучи на Џејсон Колинс, кој годинава стана првиот јавно деклариран хомосексуалец во кошаркарската НБА лига.

Првиот деклариран хомосексуалец во НФЛ имал тешко детство, во текот на кое еден од неговите тројца браќа бил убиен во мафијашка пресметка пред негови очи, а двајцата други се во затвор. Сем живеел со мајка му, минувајќи дел од животот како бездомници и живеејќи во нивниот автомобил. Таткото на Сем преку „Њујорк тајмс“ го осуди неговото декларирање за хомосексуалец, но потоа ја повлече изјавата.

Би можело да ве интересира

Вивер призна дека има шест прсти на десната рака

Ана Ололовска

Во џип кај двајца американски рагбисти пронајдени 70 килограми дрога

Колеџ спортистите во Калифорнија ќе бидат плаќани како професионалци

Татјана Ташкова

ВИДЕО: На натпревар во Германија на Русите им ја пуштија советската химна

Наум Локоски

ВИДЕО: Рагбист тргна да се пресметува со публиката

Ана Ололовска

Албанската фудбалска ѕвезда во САД, Гуралеци, ненајдено починал на терен

Ана Ололовска