Тимот на Арсенал го доживеа првиот пораз во новата сезона од Премиер лигата, откако Челси излезе како победник на теренот на градскиот ривал.
Европскиот шампион на крајот оствари голема победа од 2:1. Стрелци на двата погодока за гостите беа Шпанци, најпрво Фернандо Торес во 20. минута, за потоа во 53. минута Мата од слободен удар да ги постави конечните 2:1.
Во меѓувреме Жервињо во 43. минита успеа да изедначи на 1:1, но ниту тој, а ниту неговите соиграчи не можеа да ги исправат грешките на Лоран Кошчелни, кој им кумуваше на двата погодока на гостите.
Со оваа победа Челси има 16 бодови и се наоѓа осамен на врвот на табелата, на кој ќе остане и по ова коло без разлика на тоа како ќе одиграат нивните главни конкуренти.