ВИДЕО: Пронајден авионот во кој беше Емилијано Сала

Од:

Остатоци од авионот „Pajper Malibu N264DB“, во кој беше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала заедно со пилотот Дејвид Иботсон, се пронајдени на дното на Ла Mанш, јавува „Sky News“.

Леталото со кое фудбалерот отпатува од Нант за Кардиф исчезна пред скоро две недели, на 22 јануари.

Откако полицијата ја запре потрагата, семејството започна независна, приватна потрага за која преку интернет и со помош на фудбалери, тренери и клубови беа собрани повеќе од 300 илјади евра.

Дејвид Мернс, човекот кој го предводеше тимот, рече дека го лоцирале авионот денеска рано наутро, но дека не пристапиле кон вадењето на трупот на леталото и дека тоа го оставиле на државните институции.

„Леталото го најдовме рано утринава и веднаш потоа им јавивме на властите за тие да дојдат и да продолжат со подигање на трупот на авионот. Од нив очекувајте изјава утре наутро. Повеќе не би говорел поради почит кон семејствата на исчезнатите“, рече Мернс.

Би можело да ве интересира

Во Велика Британија, 66-годишен маж обвинет за смртта на Сала

Ана Ололовска

Пилотот на авионот, во кој беше Емилијано Сала, немал дозвола за летање

Aleksandar Petrovski

Уапсено едно лице поврзано со смртта на Сала

Ана Ололовска

Објавена морбидна фотографија од Емилијано Сала од мртовечницата, полицијата трага по сторителот

Татјана Ташкова

Откриени нови детали за трагедијата на Сала

Ана Ололовска

Нант поднесува жалба до ФИФА против Кардиф за трансферот на Сала