(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Од:

Како покровител на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Пендаровски денеска на целта ги пречека пливачите на 36-тиот маратон. Во машка конкуренција годинава прв до целта стигна Алесио Окипинти од Италија. Патеката долга 25 километри ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон.

Каролин Жуис од Франција е победничка во женска конкуренција. Од Свети Наум до кејот на Охрид пливаше 5 часа, 5 минути и 59 секунди.

Истакнувајќи дека сите 15 учесници, придонесуваат за афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Пендаровски им упати честитки на пливачите за успешно завршената трка и им посака уште многу успешни пливачки предизвици.

Охридскиот маратон е во организација на Општина Охрид и националната пливачка федерација на Република Северна Македонија. Маратонот и годинава започна од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, а заврши во центарот на Охрид. Пливачката патека „Климе Савин“ е долга 25 километри. Инаку, првиот официјален маратон во Охрид се одржал во 1962-та година на патеката Пештани – Струга – Охрид.

Би можело да ве интересира

Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис победници на 37. Охридски пливачки маратон

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон

Горан Наумовски

Аргентинецот Матијас Хернандес победи на 35. Охридски пливачки маратон

И покрај хаосот со организацијата, пливачи прифаќаат учество на маратонот во Охрид

Кристијан Ландов

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов