(ВИДЕО) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

Од:

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше стариот-нов Шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференција одговори и на две прашања на известувчот на Макфакс.

Прашан дали вечерва ќе се слави слично како по победата над Полјакот Хуркач, и може ли да се очекува повторно да запее некоја македонска песна и да ги поздрави неговите навивачи во Македонија, Ноле одговори:

„Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада“.

Запрашан од известувачот на Макфакс дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:

„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам“, порача вимблдонскиот шампион.

Одговорите на прашањата на Макфакс се на 16 минута и 15 секунда.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

Медведев го исфрли Синер од Вимблдон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ во четвртфинале: Не допирате до мене

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер