Американската атлетичарка Џенифер Сур (31) на првенството на САД во сала, постави нов светски рекорд во дисциплината скок со стап.
Олимписката шампионка од Лондон 2012 година прескокна 5,02 метри, за еден сантиметар повеќе од досегашниот рекорд на Русинката Јелена Исинбајева.
Бев многу расположена. Искрено, не посакувам втор или трет обид, по што се обидов веднаш да ја прескокнам потребната височина – рече Сур.
По остварениот резултат Американката се обиде да ја надмине границата од 5,06 метри, што е рекорд на отворено, подигнувајќи ја летвичката на еден сантиметар повеќе. Но, трите обиди беа неуспешни.