ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Од:

Австралијката Рејчел Ган, која се посрамоти на Олимписките игри во Париз кога не освои ниту еден поен на натпреварот во брејкденс и ја шокираше јавноста со екстремно слабиот настап, сеја објави дека веќе се пензионира.

37 годишната Австралијка, кој настапуваше под уметничкото име Рајгун, во групната фаза беше поразена од Литванката Ника, Американката Логисткс и французинката Сиси со резултат 18:0 и беше единствената од 16-те натпреварувачки што не освои ниту еден поен во натпреварувањето, со што стана една од најлошите спортистки во историјата на Олимписките игри.

Судиите со неверување ги следеа трите настапи на Рејгун во кои таа скокаше како кенгур и се тркалаше на подот надвор од ритамот, а гледачите беа шокирани и од нејзините изведби, а на социјалните мрежи доби многу критики.

Сепак, и покрај тоа, по натпреварот во Париз, таа се најде на првото место на ранг листата што ја состави Светската Федерација на танцов спорт (WDSF), генерална организација за брејкденс, што дополнително ги зачуди љубителите на брејкденс.

Рејгун реши да објави крај на кариерата поради сите лоши коментари кои ги добиваше во изминатите месеци.

“Нема повеќе да се натпреварувам. Поради големото внимание што би го привлекле моите настапи, би била премногу возбудена и не би можела да издржам, па се решив на овој чекор”, изјави Рејгун.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти