ВИДЕО: Ослабениот Мајами загуби на домашен терен

Од:

Шампионот Мајами без двајцата најдобри играчи Леброн Џејмс и Двејн Вејд, како и без стартерот Марио Чалмерс немаше сили и на домашен терен загуби од Њујорк со 90:102. Ова за Мајами е само четвртти пораз на домашен терен.

Прв играч на натпреварот беше Кармело Ентони, кој постигна рекордни за него во кариерата 50 поени. За 40 минути Ентони имаше шут од игра 18 погодени од 26 обиди или 7/10 за тројка.

Со овој пораз беше прекината и серијата од 17 победи на Мајами на домашен терен.

Важна победа во борбата за плеј офот оствaри Лос Анџелес Лејкерс совладувајќи гo директниот конкурент Далас со 101:81. Коби Брајант го оствари 19-от „трипл дабл“: 23 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

На третиот натпревар одигран ноќеска Вашингтон го победи Чикаго со 90:86.

Вечерва се играат 12 натпревари: Торонто – Вашингтон, Шарлот – Филаделфија, Атланта – Њујорк, Кливленд – Бруклин, Бостон – Детроит, Милвоки – Минесота, Сан Антонио – Орландо, Јута – Денвер, Сакраменто – Хјустон, Портланд – Мемфис, Лос Анџелес Клиперс – Феникс и Голден Стејт – Њу Орлеанс.

Пласман Источна конференција: Мајами 58-16 (победи-порази), Њујорк 47-26, Индијана 48-27, Бруклин 42-31, Атланта 42-33, Чикаго 40-33, Бостон 38-36, Милвоки 36-37,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 55-19, Оклахома Сити 54-20, Денвер 50-24, Лос Анџелес Клиперс 49-26, Мемфис 50-24, Голден Стејт 42-32, Хјустон 41-33, Јута 39-36, Лос Анџелес Лејкерс 39-36,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите