Во Словачка беше организиран несекојдневен боксерски меч – дуел на двајца боксери против еден.
Натпреварот го организираше организацијата Fight Night Challenge, а Матеј Кираљи, тренер чија вежбална „King Gym“ ја користат многу борци во Братислава, покажа храброст да застане против два противника во рингот, Џони Мурчин и Михал Мошпан.
Самата борба покажува колку храброст му требаше на Кираљи.
Борбата заврши веќе во првата рунда, по нешто повеќе од 3 минути.
Судијата неколкупати ја прекинуваше тепачката, по налетот на Мурчин и Мошпан, а на крајот Кираљи беше оставен на милост и немилост на двајцата борци.