ВИДЕО: Ново изненадување од Тесла – електромобилот Роудстер

Од:

На презентацијата на својот камион на електричен погон, Илон Маск ги изненади присутните со ненајавено претставување на новото патничко возило на Тесла – Роудстер.

Се работи за спортски електромобил којшто Тесла го најавува веќе некое време.

Тоа е всушност втора генерација на серијата што се произведуваше од 2008. до 2012 година.

Новиот автомобил на електричен погон, со две врати има динамичен дизајн и изразито спортски изглед.

За оние кои претпочитаат нешто „помалку стандардна” верзија, Тесла ќе понуди и ограничена серија, со ознака – „Роудстер Фаундерс“ серија од 1.000 примероци, кои ќе чинат од 250.000 долари.

Датумите на почетокот на производството и продажбата, засега не се познати.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов