Светското првенство во Катар е во тек, а повторно пристигнуваат вести за инциденти и непријатности кои ги доживеаја новинарските екипи.
По инцидентот што го имаше екипата на данската телевизија, кога обезбедувањето се закануваше за време на преносот во главниот град во пресрет на Мундијалот, овојпат непријатна ситуација имаше телевизиска екипа од Аргентина.
Како што пренесува Дејли Меил, новинарот Хоакин Алварез, кој вообичаено ја води програмата во студио во неговата земја, се пошегува со аргентински навивач во инвалидска количка за нивниот омилен ТВ канал кога ги прекинал неидентификуван службеник и двајца други мажи, кои се појавиле неколку секунди подоцна.
URGENTE: El Pollo Álvarez censurado en medio de la transmisión en vivo en Qatar. @polloalvarezok pic.twitter.com/9tIQcKe6yE
— Nosotros a la mañana (@NosotrosElTrece) November 24, 2022
Висок маж во традиционален арапски фустан му пришол на новинарскиот тим и му наредил на Алварез да му ја покаже својата прес-карта, по што следело барање снимателот да ја спушти камерата.
Прекинот на преносот во живо се случи во Барва Вилиџ, канцелариски и станбен комплекс на периферијата на Доха кој беше завршен во 2010 година и проширен за Светското првенство.
Репортерот и екипата подоцна продолжиле да снимаат од автомобилот, а Алварез им рекол на гледачите дека бил принуден да ја напушти областа откако му било кажано дека тоа е приватна сопственост.
Аргентинскиот новинар истакна дека има уредна дозвола и додаде дека бил исплашен и мислел дека ќе биде заробен.
– Лицето кое го прекина снимањето излезе од комбето и на многу груб начин рече дека повеќе не можеме да снимаме бидејќи сме на приватно место – изјави новинарот.