Само 9,2 милиони Германци го следеле поразот на Германија од Јапонија

Од:

Само 9,2 милиони Германци вчера го следеа телевизискиот пренос од првиот натпревар на германската репрезентација на Светското првенство во Катар, на кој Јапонија изненадувачки славеше со 2:1, покажуваат податоците на компанијата за мерење на гледаност АГФ.

dobivaj vesti na viber

За споредба, пред четири и пол години, првиот меч на Германците во Русија против Мексико (пораз од 1-0), кога беа актуелни светски шампиони, привлече речиси 26 милиони гледачи.

Натпреварот во кој Јапонија победи со 2:1 по пресвртот над четирикратните светски шампиони се одигра во 14 часот по локално време кога многу луѓе беа на работа. Преносот на првиот натпревар на СП 2018 беше во 17 часот.

Натпреварот меѓу Катар и Еквадор во неделата попладне, со кој беше отворен Мундијалот, го следеа само 6,21 милиони гледачи, додека во летото 2018 година, првиот натпревар на СП 2018 го следеа 10 милиони гледачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов скандал во Катар: Домаќините го прекинаа интервјуто со навивач во инвалидска количка и малтретираа новинари

А1он

Навивачите во Катар плаќаат до 30 евра за пиво, 13 евра за безалкохолно, казните за пиење алкохол на недозволени места и до 800 евра

А1он

ВИДЕО: Мексиканци се обидоа да внесат алкохол во Катар, обезбедувањето веднаш ги спречи

А1он

Јапонците направија сензација, а по мечот го одушевија светот со својот гест

А1он

Папата Франциск се помоли Светското првенство во Катар да биде можност за мир во светот

А1он