ВИДЕО: Њујорк ја постигна 50-тата сезонска победа

Од:

Кошаркарите на Њујорк ја остварија 50-та победа сезонава во НБА лигата откако ноќеска славеа над Оклахома Сити.

Ова за Њујорк беше и 12-та победа во низа, а воедно и победа во дуелот на двете второпласирани екипи од Конференциите.

Кај победникот најефикасен беше Кармело Ентони со 36 поени, додека Расел Вестбрук постигна 37 поени.

Лос Анџелес Лејкерс го загуби „градското“ дерби од Лос Анџелес Клиперс, а нивниот конкурент за плеј-офот, тимот на Јута победи и поради тоа дојде до промена на осмото место во западната конференција.

Резултати од ноќешните НБА натпревари: Оклахома Сити – Њујорк 120:125, Лос Анџелес Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 109:95, Бостон – Вашингтон 107:96, Кливленд – Орландо 91:85, Сакраменто – Мемфис 87:89, Детроит – Чикаго 99:85, Голден Стејт – Јута 90:97, Феникс – Њу Орлеанс 92:95 и Портланд – Далас 91:96.

Пласман Источна конференција: Мајами 60-16 (победи-порази), Њујорк 50-26, Индијана 48-29, Бруклин 44-32, Чикаго 42-34, Атланта 42-36, Бостон 40-37, Милвоки 37-39,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 57-20,Оклахома Сити 56-21, Денвер 53-24, Лос Анџелес Клиперс 51-26, Мемфис 52-25, Голден Стејт 44-33, Хјустон 43-34, Јута 41-37, Лос Анџелес Лејкерс 40-37,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите