Екипата на Манчестер Јунајтед славеше со 4:3 против Рединг, за лидерска позиција во Премиерлигата со три бода повеќе од градскиот ривал Сити.
Два пати Рединг водеше со 1:0 и 3:2, а „Црвените ѓаволи“ во свој стил правеa пресврт и на крај триумфирaа. Во 8. минута домаќините поведоа преку Хал Робсон Кану, пет минути подоцна изедначи Андерсон, а во 16. минута Руни од пенал реализира за 2:1.
Потоа Јунајтед прими два гола од уфрлување од корнер, а стрелци беа Ле Фондре и Морисон.
По половина час игра на додавање од Евра, Руни го постигна својот втор гол на мечот, а конечниот резултат беше дело на Робин ван Перси во 34. минута со својот десетти гол во сезоната.