Навивачите на лондонскиот фудбалски клуб „Вест Хем“, на синоќешниот натпревар против локалниот ривал „Тотенхем“ му скандираа на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, во обид да ги навредат противничките фудбалери и нивните навивачи.
Управата на „Вест Хем“ соопшти дека отворило истрага за инцидентот, предупредувајќи ги сите што биле вклучени во него, дека се соочуваат со доживотна забрана за следење на натпреварите на клубот.