ВИДЕО: Навивачи на Келн ваделе членски карти и купувале дресови од Арсенал за да може да влезат на стадион

Од:

Тимот на Келн за прв пат после 25 години настапува во едно европско натпреварување, а тоа беше причина за нивните навивачи во огромен број да отпатуваат на првиот гостински натпревар од групната фаза во Лигата на Европа во Лондон каде што вечерва играат против Арсенал.

За гостите биле обезбедени 2.900 билети, но во Лондон пристигнале повеќе од 20 илјади Германци со огромна желба да го проследат натпреварот.

Навивачите на Келн денес буквално го окупираа центарот на Лондон, движејќи се организирано и пеејќи навивачки песни, а проблемите почнаа да се појавуват како што се доближуваше времето за почеток на натпреварот.

Според пишувањата на британските медиуми, навивачите на Келн почнале да купуваат билети наменети за домаќините, а откако ги спречиле во тоа започнале да се регистрираат и за членски карти од Арсенал.

Поради тој хаос натпреварот беше одложен за цел час, откако од Арсенал најавија дека нема да ги пуштаат гостинските навивачи да се мешаат со фановите на Арсенал, што било и причина германците да започнат да купуваат и дресови од Арсенал, само за да влезат на стадионот.

Натпреварот започна еден час подоцна од планираното, а трибините на „Емирати“ беа преполнети со фанови на Келн, дури и во делот каде што требаше да седат фановите на Арсенал, кои неуморно пееја и го бодреа својот тим, кој пак на полувремето водеше со 0-1, но сепак на крајот загуби со 3-1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски