ВИДЕО: Најмалку 17 навивачи повредени на дербито помеѓу Партизан и Црвена Звезда

Од:

Најмалку 17 навивачи се повредени во тепачката што се случила на фудбалскиот натпревар меѓу Партизан и Црвена Звезда во Белград. Тепачката била на јужната трибина на стадионот на Партизан за време на првото полувреме на вечното дерби.

„Повредени се над 17 навивачи, се уште не се знае точната бројка, бидејќи сите екипи се уште не се вратени од теренот. Едно момче е префрлено на реанимација на Воено-медицинската академија која е дежурна“, вели портаролката на Итната помош, Нада Мацура.

Тепачката, која траела 10-ина минути, била спречена од страна на полицијата, која од стадионот отстранила неколкумина навивачи.

Натпреварот помеѓу Паризан и Црвена Звезда заврши со резултат 1:1. На табелата во српското првенство, тимот на Звезда се наоѓа на првата позиција со 57 освоени поени, пред Партизан кој има 48.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска