Сениса Естрада синоќа влезе во историјата на спортот со најбрзиот нокаут во женскиот бокс. Оваа 28-годишна Американка, наречена „супер лоша“ ја доби Миранда Адкинс за само седум секунди.
? RECORD BREAKING ? @SeniesaSuperbad 7 second KO! ?
@dazn_usa! #OrtizVargas pic.twitter.com/VrropY87FY
— Golden Boy (@GoldenBoyBoxing) July 25, 2020
Веднаш откако се огласи ѕвончето за старт, Естрада ја нападна противничката и упати еден, два, три удари, а потоа ја испрати нејзината противкандидатка на земја со уште четири директи во главата, пред да сфати што ја снајде и изгуби свест.
Естрада е привремен шампион според ВБА-верзијата во категоријата „мува“ и ВБЦ (сребрена) верзија во јуниорска „мува“ и ова беше нејзината 19-та победа од ист број натпревари.
Адкинс го доживеа својот прв пораз во шестата борба во кариерата.