Повредата на капитенот Кире Лазаров на синоќешниот дуел против Шпанија ги загрижи ракометните фанови, а неговото отсуство се почувствува и на теренот.
Лазаров се повреди во 11 минута од натпреварот при еден доскок, по што веќе не влезе во игра.
Европското првенство за Кире Лазаров најверојатно е завршено, што е тежок хендикеп за македонската репрезентација.