ВИДЕО: Lotus го претстави Е21

Од:

Првиот болид претставен оваа сезона е Lotus Е21, најновата креација од Енстон која ќе ја возат Кими Раиконен и Роман Грожан.

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Финецот Кими Раиконен верува дека во новата сезона во болидот на Лотус има шанси да се бори за титулата.

Покрај видно променетиот нос, видливи се промени и на другите делови, на пример насочувачите на воздухот потсетуваат на оние кои можат да се видат на болидот RB8 на „Ред Бул“, а мали измени се приметуваат и на задниот дел на болидот.

Можам да ве уверам дека целиот тим вложи многу напор и дека завршивме голема работа. Многу е променето и вложено, очекувам ова да биде многу возбудлив автомобил. Правилата за 2013 се многу слични како и тие за минатата година, така да веројатно ќе видите многу познати работи. Но, главното лежи во ситните детали, а тие на овој болид ќе му ги зголемат перформансите, изјави техничкиот директор на „Лотус“ Џемс Елисон.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он