Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го освоија НБА купот, откако во финалето на премиерното издание на ова натпреварување ја совладаа Индијана со 123:109.
Лејкерси до победата ги предводеше тандемот Ентони Дејвис-Леброн Џејмс.
Во новото натпреварување Леброн имаше просек од 26,4 поени, осум скока и седум асистенции по меч.
Леброн и Лејкерси на тој начин испишаа историја како први победници на новоформираното натпреварување.
„Езерџиите“ од самиот старт наметнаа свој ритам, Пирсерс беа легитимен ривал во текот на вториот дел, а Лејкерси ја презеде целосната иницијатива.
MOST VALUABLE PLAYER 🏆
LeBron James is named the first-ever NBA In-Season Tournament MVP! pic.twitter.com/cHcCxaRPLw
— NBA on TNT (@NBAonTNT) December 10, 2023
Лејкерси ја презедоа иницијативата и водството од самиот почеток на мечот, а Индијана успеа да пружи рамноправен отпор дури во текот на втората четвртина, но Лејкерси на пауза заминаа со пет поени предност (65:60).
Во продолжението од мечот, Леброн и другарите неколку пати одеа на двоцифрена разлика, за да притиснат на гасот во решавачкиот период и да ги решат сите дилеми околу победникот.
Лејкерси имаа најголема предност од 16 поени, а на крајот забележаа триумф вреден за пехарот со резултат 123:109.
Покрај Дејвс и Џејмс, се истакна Остин Ривс со 28 поени, два скока и три асистенции, а голема помош беше Дианџело Расел со 13 поени и седум асистенции.
Кај Индијана се истакнаа Хејлбартон и Матурин кои постигнаа по 20 поени што не беше доволно за да се избегне пораз.