Австралискиот тенисер Ник Кирјос не го прифати најдобро поразот во четвртфиналето УС Опен од Русинот Карен Хачанов.
Загуби по пет сета и повеќе од три и пол часа тенис – 7:5, 4:6, 7:5, 6:7, 6:4.
Nick Kyrgios visibly frustrated after his #USOpen Quarterfinal loss ?pic.twitter.com/i6x32ZDwwY
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) September 7, 2022
Кирјос на крајот од мечот скрши еден рекет, тоа не му беше доволно, па од торбата извади резервен.
Ник немаше никаква реакција насочена директно кон Хачанов, иако за време на пандемијата на коронавирус имаа неколку расправии придружени со навреди.
Хачанов во полуфиналето ќе игра против Каспер Руд.