Екипата на Манчестер јунајтед славеше против Њукасл со 4:3 во рамките на 19. коло од Премиер лигата.
Хернандез е херојот на „Црвените ѓаволи“ откако стрелаше во 90. минута од натпреварот носејќи му нови три бода на неговиот тим за издвојување уште поубедливо на врвот со 46 бода, пред градскиот ривал Манчестер Сити кој остана на 39 бода по поразот на гостувањето од Сандерленд.
Стрелец на единствениот гол за победа на Сандерленд беше Џонсон во 53. минута.
Евертон – Виган 2-1
Фулам – Саутемптон 1-1
Манчестер Ј. – Њукасл 4-3
Норвич – Челси 0-1
Ридинг – Свонси 0-0
Сандерленд – Манчестер Сити 1-0
КПР – ВБА 1-2