Екипите на Рома и Јувентус успеаја да слават во денешните мечеви од италијанското првенство. Рома многу тешко успеа да дојде до минимална победа над екипата на Аталанта, додека Јуве на домашен терен доста уверливо со резултат од 3:0 успеа да ја совлада екипата на Сиена.
Екипата на Аталанта прва поведе на денешниот меч со голот на Ливаја. Сепак, само четири минути подоцна Маркињо успеа да му донесе израмнување на својот тим. Во 34-тата минута, Миралем Пјаниќ постигна прекрасен погодок за водство на „римската волчица“, а Марко Ливаја повторно успеа да се запише во листата на стрелците и да го израмни резултатот на 2:2 во 44-та минута од средбата. Рома до својата победа стигна во 71-та минута кога Торосидис ја затресе мрежата на Аталанта за триумф на Рома од 3:2.
Јувентус пак без проблеми успеа да ја совлада Сиена на свој терен со резултат од 3:0. Стрелци на головите за „Старата дама“ беа Лихштајнер, Џиовинко и Погба.
Во останатите мечеви беа постигнати следните резултати.
Каљари-Торино 4:3
Парма-Катанија 1:2