Јапонските навивачи го воодушевија светот со своето пристојно однесување. По натпреварот со Грција, верните обожаватели на јапонската репрезентација, наречени „Сини самураи“, ги засукаа ракавите, зедоа вреќи за ѓубре и ја исчистија Арена дас Дунас (Arenа das Dunas).
Бразилците, како што известуваат медиумите, не можеле да си веруваат на своите очи кога ги виделе Јапонците дека неколку минути пред крајот на натпреварот почнале со чистење на стадионот. Сините вреќи што ги користеле за навивање, ги претвориле во реквизит за собирање смет и ги исчистиле сите пластични шишиња, хартии и други отпадоци.
Тие на претходниот натпревар ги чистеле трибините каде што седеле, но овој пат го исчистиле целиот стадион.