Тренингот пред трката во Формула 1 за ГН на Монте Карло можеше да мине многу лошо за пилотот на Ферари, Кими Раиконен, кому слабите резултати очигледно му влијаат и на расположението и фокусираноста.
Финецот делуваше замислено на самата патека по која болидите влегуваа и излегуваа од пит-стоп, не забележувајќи дека Себастијан Фетел веќе ги смени гумите и е подготвен да се врати на патеката.
За среќа, во близина беше Најџел Хоп од тимот на Ред бул, кој го тргна на страна збунетиот пилот.