ВИДЕО: Хаос на Маракана – масовна тепачка на трибините во Бразил

Од:

Непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина – во квалификациите за Светското првенство во 2026 година – на трибините се случија насилни сцени.

Фудбалерите на двете репрезентации се ракуваа, следеше фотографирање, а потоа камерата се префрли на трибините каде гостинските навивачи се судрија со бразилската жандармерија.

Штом го видоа тоа, Меси и соиграчите тргнаа на јужната трибина на стадионот да се расправаат со навивачите, но и со полицијата која беше многу сурова кон навивачите на Аргентина.

Инцидентот на трибините траеше неколку минути, а ниту фудбалерите не успеаја да ги смират страстите. Во еден момент, Кристијан Ромеро, стоперот на Аргентина, сакаше да влезе меѓу публиката и полицијата, но соиграчите и обезбедувањето го спречија во тоа.

Страстите по извесно време се смирија, но актуелниот светски шампион не сакаше да ја продолжи играта и играчите се вратија во соблекувалната.

Аргентинците се вратија на теренот по околу 20 минути, а натпреварот официјално започна во 01:58 часот по средноевропско време, што значи дека доцнеше 28 минути. Илјадниците навивачи кои дојдоа од Аргентина на крајот заминаа задоволни затоа што нивниот тим го победи Бразил со 1:0. Бразил следниот меч го игра со Еквадор, а Аргентина ќе игра со Чиле. Актуелниот светски првак води на табелата со 15 поени, додека Бразил е шестти со само седум освоени поени.

Би можело да ве интересира

Навивачите му го свртеа грбот на Клоп: „Дали си луд?“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу фудбалерите на натпревар во Србија, десет црвени картони

Предраг Петровиќ

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Жесток удар за Ливерпул

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Предраг Петровиќ