Интересна ситуација на трката за Големата награда на Малезија кога Луис Хамилтон, како по навика, застана во боксот на Мекларен, ги загуби тотално механичарите, кои се тргнаа веднаш и му покажаа дека треба да продолжи до боксот на Мерцедес.
„Толку многу години, тоа е навика, можам само да му се извинам на својот нов тим Мерцедес, тие завршија одлична работа денеска“, изјави Луис Хамилтон за својата грешка.