(ВИДЕО) „Гранде Пандев“ е легенда на Интер: Доби овации од фановите и подарок од клубот

Од:

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев денеска е почесен гостин на Интер, а пред дербито со Лацио доби пригоден подарок. „Гранде Мачедоне“ играше за двата клуба во текот на блескавата кариера, а доби овации од фановите на „Џузепе Меаца“.

„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Се надевам дека Интер и со два добри натпревари против Милан ќе обезбеди финале во Лигата на шампионите“, изјави Пандев.

Македонскиот ас со Интер освои шест трофеи и одигра 69 натпревари за „нероаѕурите“.

Би можело да ве интересира

Хуманитарна акција на Mozzart за крајот на годината – Донација на Здружението „Вера” од Струмица во соработка со Горан Пандев

Предраг Петровиќ

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Горан Пандев ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица

Катерина Ѓуровски

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев ја завршува кариерата: Сакам да уживам со семејството

А1он

Пандев: Можеби погрешив што не се повлеков по Европското првенство

Катерина Ѓуровски