ВИДЕО: Го третираат Новак како криминалец, во затвор е кај тие скотови обвинува семејството Ѓоковиќ

Од:

Целиот слободарски свет и твојата мајка Србија се со тебе порача таткото на Новак Ѓоковиќ во емотивното обраќање во кое ги обвини австралиските власти дека нецивилизирано и нехумано се однесуваат со најдобриот тенисер во светот кој спред него е претставник на слободарскиот дел од човештвото. Семејството Ѓоковиќ одржа прес конференција на која ги обвини австралиските власти за нехуман третман и тенденциозност кон Ѓоковиќ.

„Исус го распнуваа на крст, се му правеа па тој преживеа. Истото му го прават и на Новак. Треба да им е срам. Шовинистичката влада на Австралија го држи во затвор Новак. Нашата гордост. Сакаат да го фрлат на колена, да го понижат“ – рече Срѓан Ѓоковиќ.

„Ова е најголемиот спортско-политички скандал. Се оденсуваа кон него како криминалец. Во првите 45 минути тој комуницираше со нас. Потоа се му одзедоа. Кога беше донесена одлуката за визата го спроведоа во сместувалиште за мигранти. Без ништо со себе. Местото е нечисто рече братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Тој дополнително објасни како одела постапката за аплицирање за визата и за правото на исклучок од вакцинација. Вели дека во име на Ѓоковиќ кај властите на државата Викторија аплицирале од Тенис Австралија. Организацијата го направила тоа во име на неколку тенисери и сите го добиле потребниот документ, но само Новак бил запрен на аердоромот.

Мајката на Ѓоковиќ се пожали дека го држат во исклучително нечисто место без основи услови. Таа смета дека одлуката да не му дозволат на Мовак да влезе во Австралија е политичка.

Семејството на Ѓоовиќ повика на протест во центарот на Белград за Србите да покажаат поддршка за најдобриот тенисер во светот.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата