Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште на првиот ден на тенискиот турнир во Вимблдон успеа да ја импресионира светската јавност, јави хрватскиот портал Индекс.
Имено, Ѓоковиќ го прекина мечот за да спаси една птица која залутала на теренот. Веста во истиот момент ја пренесоа сите светски медиуми, а тенисерот стана ѕвезда не само на љубителите на тенисот, туку и на љубителите на животни.
Ѓоковиќ во првиот меч ги одмери силите со Германецот, Филип Колшрајбер, кого по „спасувачката мисија“ го победи во трите сета со по 6:4 и се пласира во второто коло.
Како што тоа обично се случува, птицата доби и сопствен профл на Твитер, а следеше и „нејзин“ прв твит: „Порака до сите кои гледаат од дома – имам најдобро место на теренот“.