(ВИДЕО) Ѓоковиќ оди кон 23. грен-слем, преку повредениот Алкараз до седмото финале на Ролан Гарос

Од:

Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз со 3:1 во сетови (3:6, 7:5, 1:6, 1:6) и се пласираше во финалето на Ролан Гарос. Работата на српскиот тенисер му ја олесни повредата на Шпанецот.

Алкараз, моментално најдобриот тенисер на светот, во третиот сет имаше грч во десната нога, што речиси целосно го спречи да се движи. Тој побара повеќе паузи и ситуацијата се подобри, но не доволно за да го добие Ѓоковиќ. Дури се чинеше дека ќе се предаде, но сепак издржа до крајот на најочекуваниот меч сезонава.

Ѓоковиќ в недела во финалето на францускиот грен слем турнир против подобриот од мечот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Германецот Александар Зверев. Со освојувањето на Ролан Гарос, српскиот тенисер би го освоил рекордниот 23. Грен слем во кариерата.

За Новак Ѓоковиќ ова ќе биде седмо финале во кариерата на Ролан Гарос.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски