Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами откако го совлада американскиот тенисер Себастијан Корда со 6:3, 7:6 (7:4).

Мечот беше израмнет на стартот, Американецот одлично сервираше до осмиот гем кога Ѓоковиќ си ја најде „слабата точка“, го скрши, а потоа рутински го приведе сетот до крај. И сето тоа за само 29 минути игра.

Иако се чинеше дека на Ноле му се брза и дека брзо ќе го добие вториот сет – работите тргнаа во сосема друга насока. Корда добива предвремена пауза и во моменти кога се чинеше дека се е загубено за Ѓоковиќ, по којзнае кој пат покажа зошто е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Се врати „од амбис“ и победи во тај-брејкот.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Новак се мачеше, но стигна до третото коло на Ролан Гарос

Горан Наумовски

Шок за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим – српскиот ас се „сопна“ на првата скала

А1он