Историска победа на Ѓоковиќ против Димитров во Мајами

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ како брз воз го мина полуфиналето на Мастерсот во Мајами и го совлада Бугаринот, Григор Димитров со 2-0 за своето 60. финале на турнирот од серијата 1.000!

Србинот го исчисти Димитров за 71. минута. Во првиот сет имаше три сервис брејка, потоа во четири гема, а во вториот еден му беше доволен да го нокаутира Димитров и да ја запише историјата.

Новак стана вториот досега кој забележал сто победи во Мајами, но го урна и рекордот на Роџер Федерер како најстар финалист досега на Мастерс турнирите со 37 години и 301 ден.

Роџер со 37 години и со 222 фанови беше финалист во Мајами 2019 година, а интересно е што втор финалист таа година беше Џон Иснер.

Листата ја комплетираат Рафаел Надал и Андре Агаси.

Новак повторно ги поместува границите и ќе атакува против Тејлор Фриц или Јалуб Меншик за стотиот трофеј во кариерата!

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ собори рекорд на Федерер

А1он

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он