(ВИДЕО) Ѓоковиќ го даде најчудното интервју во животот: Oд тераса откри што прво ќе стори кога ќе излезе од карантин

Од:

Новак Ѓоковиќ жестоко им возврати на критичарите со отворено писмо, откако неговата намера да им помогне на играчите во Мелбурн кои се во строг карантин, беше погрешно протолкувана.

Впечаток е дека оттогаш ситуацијата во медиумите во Австралија се промени. Критичарите предводени од Ник Кирјос и Сем Грото замолчеа, а Новак доби симпатии поради реакцијата кога две деца од Австралија играа тенис под неговиот балкон, но и затоа што разговараше со медиумите кога ги виде како тајно го снимаат додека тренира.

Сега, медиумите целосно се приближија до терасата на Новак, а тој одлучи да даде интервју од балконот, што е веројатно најнеобичното нешто во неговата кариера.

– Чудно е да се биде затворен во соба 14 дена, но во исто време сме многу среќни во однос на играчите од Мелбурн, бидејќи имаме повеќе часови што можеме да ги поминеме надвор и на теренот, изјави Ѓоковиќ.

– Првото нешто што ќе го сторам во петок наутро е да истрчам директно во овој парк и да поминам еден час таму – рече тенисерот за време на разговор со медиумите.

Околу хотелот се собраа многу обожаватели на најдобриот тенисер во светот, кои ја искористија можноста да го фотографираат и воедно да разговараат со него, бидејќи тој беше добро расположен.

Интересно е што Новак договори и интервју од терасата, со тоа што на претставниците на еден медиум им порача дека ќе им се јави на бројот што ќе го запишат, за да можат да разговараат подолго време.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи, Медведев го реши во два сета

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јелена му запеа на Новак Ѓоковиќ: „Откако се заљубив во тебе“

Ана Ололовска

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска