Познатиот фудбалер Гелор Канга, кој е дел од тимот на Црвена звезда, направи сцена на аеродромот и испрати многу грда слика до јавноста.
Фудбалерот се однесуваше арогантно по враќањето од гостувањето во Лигата на Европа, а на аеродромот „Никола Тесла“ се бореше со цариникот околу багажот.
Kanga – Zvezdina bitanga ?? pic.twitter.com/4mGuIDVTnL
— Velibor Vasović (@VasovicVelibor) December 11, 2020
Судејќи според снимките од безбедносната камера, тој не сакаше да дозволи да се прегледа куферот.
На крајот, еден од членовите на експедицијата на Црвена звезда го смири нервозниот фудбалер, а медиумите не ја наведоа причината за неговиот судир со царинската полиција.