Трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала го трогна целиот фудбалски свет, но имаше и луѓе кои се потсмеваа на она што му се случи на 28-годишниот стрелец. За време на натпреварот помеѓу Саутемптон и Кардиф Сити вчера двајца приврзаници на „светците“ имитираа гестови на авион кој се урна. Видеото брзо се прошири низ Интернет просторот, а полицијата не задоцни и ги приведе двајцата мажи.
– Таквото однесување нема место на нашиот стадион и нема да се толерира, пишува во официјалната изјава на Саутемптон.
Клубот потврди дека фановите за кои станува збор биле идентификувани и уапсени. Тие, најверојатно, ќе бидат лишени од можноста да влегуваат на „Сент Мери“.
Keep an eye on the bloke in the middle, making plane expressions just two days after the Emiliano Sala confirmation, glad to say they both got ejected but had to shame them #CCFC #SOUCAR pic.twitter.com/nF57gpFMDh
— ? (@ccfcben) February 9, 2019
Пред натпреварот, фудбалерите на двата тима му оддадоа почит на Сала со едноминутен молк, а Кардиф забележа драматична победа од 2:1 со гол на резервата Кенет Зохоре.
– Сакавме да победиме за Емилијано и јас сум горд што момците тоа го направија, рече менаџерот на тимот Нил Варнок по успехот.
Како што е познато, авионот со Аргентинецот, кој премина од Нант во Кардиф, исчезна во реонот на Ламанш, а пред неколку дена остатоците од авионот беа пронајдени и телото на Сала беше идентификувано.