Во 6. коло од Премиер лигата Един Џеко на три минути пред крај му донесе победа на Манчестер Сити во натпреварот против лондонски Фулам.
Фулам поведе во 10. минута преку Младен Петриќ кој биеше прецизно од белата точка. Пред крајот на првото полувреме гостите успеаа да изедначат преку Серхио Агуеро. Манчини го внесе во 86. минута босанскиот напаѓач во игра, а Един Џеко тоа го искористи на најдобар можен начин погоди само една минута по влегувањето на терен постигна одличен погодок за конечни 2:1 и три бода за Сити на гостувањето во Лондон.
Премиер лига, 6. коло, резултати:
Арсенал 1-2 Челзи
Евертон 3-1 Саутемптон
Фулам 1-2 Манчестер Сити
Норвич 2-5 Ливерпул
Ридинг 2-2 Њукасл
Стоук 2-0 Свонси
Сандерленд 1-0 Виган