ВИДЕО: Дербито на вечерта во НБА лигата му припадна на Мајами

Од:

Во реприза на последното финале во НБА лигата, првакот Мајами на домашен терен го совлада Сан Антонио со 113:101. Најефикасен кај победникот беше Крис Бош со 24 поени, а Леброн Џејмс постигна 18.

Двејн Вејд откако пропушти четири натпревари поради повреда, се врати во составот на Мајами и за првпат по 483 натпревари не беше меѓу стартерите.

Пораз на гостувањето кај Голден Стејт со 103:88 доживеа Портланд, а Стефан Кари постигна 38 поени.

На другите дуели одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Њујорк – Лос Анџелес Лејкерс 110:103, Њу Орлеанс – Орландо 100:92, Кливленд – Феникс 90:99, Бостон – Бруклин 79:85, Далас – Детроит 116:106 и Сакраменто – Денвер 117:125.

Вечерва се играат шест натпревари: Филаделфија – Феникс, Бруклин – Торонто, Чикаго – Минесота, Милвоки – ЛА Клипрес, Оклахома Сити – Атланта и Јута – Сакраменто.

Пласман Источна конференција: Индијана 34-9 (победи-порази), Мајами 32-12, Атланта 23-20, Торонто 22-21, Чикаго 22-21, Вашингтон 21-22, Бруклин 20-22, Шарлот 19-27,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 35-10, Сан Антонио 33-11, Портланд 33-12, ЛА Клипрес 31-15, Хјустон 29-17, Голден Стејт 27-18, Феникс 25-18, Далас 26-20,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите