Ватфорд на неверојатен начин избори пласман во финалето за доигрување за влез во Премиер лигата.
Првиот меч со Лестер го загубија со 1:0, а потоа на реваншот, во 7-та минута од судиското продолжение имаа 2:1, но и досуден пенал против нив.
Голманот на Ватфорд, Алмунија го одбрани ударот од единаесет метри, топката се одби до истиот играч кој повторно не успеа да погоди, па на спротивната страна преку брза контра Динеј постигна гол за 3:1.
За место во Премиер лигата, сега Ватфорд ќе игра со победникот од дуелот Брајтон и Кристал Палас.