(ВИДЕО) Деби на Меси во САД: Гол од слободен удар и делириум на стадионот

Од:

Аргентинецот Лионел Меси го одигра својот прв натпревар за својот нов клуб, преполниот стадион ја виде неговата вредност што му донесе победа на Интер по долго време.

Холивудски, такво беше дебито на светскиот шампион во Интер од Мајами, со кој синоќа се впушти во својата нова фудбалска авантура.

Се се намести за ова да биде вечер за паметење, за историјата: преполн стадион, иглата немаше каде да падне, куп познати, славни личности, на крајот победата во Лига купот, иако тоа е најмалку важно како во споредба со спектакуларниот старт на Меси во дресот на Интер.

Се играше 93. минута, Интер доби слободен удар на дваесетина метри од голот, резултатот беше 1:1…

И тогаш – бум!

Меси. Голем. Најголемиот. Неповторлив. Кратко трчање, шут, топката оди преку „ѕидот“, удира во горниот десен агол од голот на гостите. Голманот само со парадата го подобри моментот.

Стадионот е во делириум. Пиротехниката експлодира. Сопственикот на клубот се држеше за глава.

Меси пристигна во Америка!

Меси го започна мечот од клупата, влезе во 54. минута наместо 18-годишниот Бенџамин Кремаши и тогаш навистина почна играта за сите кои дојдоа на трибините. Сè дотогаш беше исчекување. А некои, дебело платија за билетите за да го видат најголемиот на сите времиња. Или еден од најголемите.

Им овозможи незаборавна атмосфера.

Косопственикот на Мајами, легендарниот Дејвид Бекам, беше вон себе од среќа.

Ова е историски момент за оваа земја, за оваа лига и историски момент за нас“, изјави славниот Англичанец по натпреварот.

За сите оние кои можеби мислеа дека Меси ќе игра рекреативен фудбал во Мајами и дека повеќе време ќе поминува на плажа отколку на тренинзи, можеби беа во право, но Аргентинецот дојде тука за, освен да ужива во шармот на Флорида, да остави и длабок впечаток. Тој не знае друг начин.

„За него доаѓањето овде беше животен избор за него и за неговото семејство, но тој рече дека доаѓа овде да игра и да победи. Така почна“, изјави тренерот на Мајами, Херардо „Тато“ Мартино.

Започна ерата на Меси во САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Откриени резултатите-познато кој годинава ќе ја освои Златната топка

Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Меси го напушти теренот повреден, по него сета публика си замина

Предраг Петровиќ

Телохранителот на Меси месечно заработува цело богатство

Предраг Петровиќ